Македонија го освои седмото место на ЕП Б-дивизија во Унгарија

Од:

Репрезентацијата на Македонија за кошаркари до 20 години го освои седмото место на Европското првенство дивизија Б во Сехешфехервар Унгарија. Во натпреварот за седмата позиција нашите млади кошаркари денеска ја совладаа селекцијата на Луксембург со 86:75.

По серијата од три порази во дуелите за пласман „црвено-жолтите“ со сигурна игра го совладаа Луксембург, најмногу по заслуга на двајцата најискусни кошаркари во тимот, капитенот Андреј Магдевски и центарот Љубомир Младеновски.

Токму овие двајца беа и најефикасните играчи на денешниот дуел, Магдевски оствари 22 поени, 8 скока и 6 асистенции, а Младеновски дуелот го заврши со 23 коша и 13 скока.

Македонските кошаркари на првенството во Унгарија заминаа со амбиции за едно од првите три места кои водат во елитната А дивизија, но поразите во четврфиналната фаза ги оддалечија од тоа и ги одведоа во дуелите за разигрување од 5. до 8.место на шампионатот.

По првенството во Сехешфехервар сигурни патници во елитната А европска дивизија се финалистите на шампионатот скандинавските селекции Финска и Шведска, додека за третиот патник одлучува малото финале, натпреварот за бронзениот медал меѓу домаќинот Унгарија и Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ