Македонија – БиХ 28:29 на полувреме

Од:

Кошаркарите на Македонија губат со 28:29 од Босна и Херцеговина по првото полувреме на четвртиот натпревар за нашите репрезентативци на Европското првенство во Словенија.

По крајот на првата четвртина репрезентацијата на БиХ водеше со 16:15, иако Македонија стартуваше со 7:0 во првите три минути од натпреварот.

Македонија и БиХ одиграа дуел и на претходното ЕП во Литванија пред две години. Победија Македонците со 75:63.

Освен овој натпревар денеска во групата Б која се игра во Јесенице, во 4. коло уште играат: Србија – Летонија (17:45 часот) и Литванија – Црна Гора (21 часот).

Литванија, Србија и Летонија имаат по две победи и еден пораз, додека Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора се со биланс од една победа и два изгубени натпревара.

 

Би можело да ве интересира

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос

Навивачки нереди во Црна Гора: Хулигани упаднаа на теренот за време на дербито и го прекинаа натпреварот

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка