Мајка му на Владимир Стојковиќ се самоуби?

Од:

Коса Стојковиќ мајката на голманот на „Партизан“, Владимир Стојковиќ доцна синоќа беше пронајдена мртва во нејзиниот стан.

Телото го пронашол нејзиниот брат и првичните информации беа дека таа извршила самоубиство.

Според извештаите на полицијата, немало траги од насилство, причината за смртта се уште не е позната. Аутопсијата ќе се изврши во текот на денот, па потоа резултатите ќе им се презентираат на членовите на нејзиното семејство.

Владимир веднаш се врати во Србија, откако ги слушна лошите вести во Малта, каде што со својот тим го одиграа првиот натпревар од вториот круг на квалификациите за Лигата на Шампионите.

Тој веднаш ги осуди синоќешните шпекулации за самоубиство, бидејќи таа пред само15 дена дознала дека има тромб кој што можеби е и причината за смртта.

„Бараме од медиумите да ја разберат нашата тага и болка. Мајка ми не изврши самоубиство, туку почина од природна смрт”, изјави Владимир.

Пред само пет години сопругот на Коса починал од рак.

 

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ