Луис Енрике: Одговорноста е моја, од следната недела ќе разговараме за иднината

Од:

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике вели дека одговорноста за елиминацијата од Мароко во 1/8-финалето на Светското првенство во Катар е негова. Најави дека од следната недела ќе има разговори за неговата иднина на селекторската позиција.

„Пенали скапо не чинеа. Жал ми е за тие што не играа. Одговорноста е моја бидејќи ги избрав првите тројца изведувачи, играчите одлучија за другите. Не стигнавме ниту до четвртиот. Боно беше одличен во пеналите. Дадовме 100 проценти. Честитки за Мароко за победата. Жал ми е за навивачите кои не поддржаа“ – рече Енрике.

Енрике беше прашан за неговата иднина на клупата на Шпанија.

„Не е време за тоа прашање. Нетрпелив сум да се вратам дома. Претпоставувам дека од следната недела ќе разговараме за иднината”, изјави шпанскиот селектор.

Мароко обезбеди пласман во 1/4-финалето по изведувањето пенали. Претходно во регуларните 90 и во дополнителните 30 минути немаше голови.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Марчинијак: Французите не се жалат дека сите резерви беа во терен кога Мбапе шутираше пенал

Мароканците одлучија паричната награда од ФИФА да ја донираат за сиромашните сограѓани

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мароканците со фантастичен пречек во Рабат

Горан Наумовски

Мустафа Хаџи со лажна лиценца бил асистент тренер во репрезентацијата на Мароко

Горан Наумовски

Ѓоковиќ го пофали Катар за организацијата на Светското првенство: Еден од најдобрите фудбалски натпревари што сум ги гледал

А1он

Најефикасен Мундијал во историјата