Луис Енрике најблиску до клупата на Барселона

Од:

Поранешниот фудбалер на Барселона и актуелен тренер на Селта Виго, Луси Енрике, е најголем фаворит за тренерското местото во Каталонскиот клуб.

Како што пренесува шпанскиот весник „Мундо Депортиво„ Енрике важи за најголем кандидат за наследник на Херардо Тата Мартин кој се поизвесно е дека со крајот на сезоната во која Барселона е се подалеку од освојување барем на еден трофеј Аргентинецот ќе го напушти „Камп Ноу“.

Токму Енрике го гледаа шпанските медиуми како нов тренер на Барселона, тим во кој со младите категории ја започна својата тренерска кариера. Енрике беше споменуван и како наследник на Пеп Гвардиола, но тогаш раководството на каталонскиот гигант предност му даде на неодамна починатиот Тито Виланова.

Инаку поранешниот шпански репрезентативец Луси Енрике беше и играч на Барселона во периодот од 1996 до 2004, откако на „Камп Ноу’’ дојде од големиот ривал Реал Мадрид.

Енрике за Барселона има одиграно 300 натпревари и постигнато 104 гола, а со клубот одвои по две титули во првенството и купот на Шпанија, Супер купот, а беше дел и од тимот кој ги освои поранешниот Куп на Купови, како и УЕФА Супер купот.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ