Лопетеги: Секогаш боли кога ќе загубиш во финале, но бевме на исто ниво со Баерн

Од:

Тренерот на Севиља, Хулен Лопетеги тешко го проголта поразот од Баерн (Минхен) со 1:2 во финалето на Суперкупот на Европа.

Тој рече дека ваквите порази секогаш болат. Сепак, стручњакот ги пофали своите играчи дека се рамноправни со најдобриот тим во Европа.

– Секогаш боли кога ќе загубиш во финале, особено кога сиимал шанса да победиш. На моменти бевме притиснати, но во исто време успеавме да ги повредиме. Победничкиот гол за противникот дојде токму кога најмалку очекувавме. Тренираме само 12 дена, но сепак бевме на исто ниво со најдобриот тим во Европа и го доведовме натпреварот во продолженија. Тоа е повеќе од многу други кои се соочија со Баерн, изјави Лопетеги.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска