Лопетеги ќе земе „само“ три милиони евра од Реал Мадрид

Од:

Гласините дека Реал Мадрид мора да му ги исплати платите на досегашниот тренер Хулен Лопетеги до крајот на договорот не се вистинити, тврди „АС“.

Во јуни оваа година, баскискиот стратег потпиша тригодишен договор со Реал за кој требаше да заработи вкупно 18 милиони евра (шест милиони евра за сезона).

„АС“ тврди дека директорот на Реал, Флорентино Перез си обезбедил клаузула и ќе му плати на Лопетеги само за шест месеци.

Ова значи дека Лопетеги ќе се спогоди за три милиони евра за неговото рано заминување од „Сантијаго Бернабеу“. Тренерот работеше само 139 дена и го водеше тимот на 14 официјални натпревари.

Ова не е првпат Перез да менува тренер среде сезона. Хозе Антонио Камачо си замина сам, а по почетокот на сезоната од обврските беа ослободени и Гарсија Ремон, Рафаел Бенитез и Вандерлеј Луксембурго.

Би можело да ве интересира

Неповторливиот Лука Модриќ – собори уште еден рекорд

Предраг Петровиќ

Модриќ го урна рекордот на легендарниот Пушкаш во Реал Мадрид

А1он

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

Детаљ за кој најмногу се зборува – дали Винисиус заслужи црвен картон?

Предраг Петровиќ

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски

Винисиус заминува доколку Реал потпише со Мбапе

Предраг Петровиќ