Ливерпул поблиски до Шаќири од Интер

Од:

Англискиот премиер лигаш Ливерпул е поблиску до ангажирање на фудбалерот на минхенски Баерн Џердан Шакири од италијанскиот Интер.

Иако деновиве се почесто се говореше дека 23-годишниот Швајцарец е пред трансфер во Интер, особено по изјавата на тренерот Роберто Манчини, сепак денеска англиските медиуми пренесуваат дека Шаќири најверојатно ќе се пресели во Ливерпул.

Швајцарскиот репрезентативец има мала минутажа во тимот на Пеп Гвардиола, па се почести се пишувањата дека тој би можел да го напушти Баерн. Впрочем, во текот на летото повеќе европски клубови изразија желба да го донесат Шаќири во своите редови. Последен меѓу нив беше италијанскиот Интер, кој пред неколку дена ја комплетира шестмесечната позајмица на Лукас Подолски од Арсенал, но Ливерпул веќе излегол со конкретен предлог.

Како што пренесува англискиот весник „Експрес“ тимот од „Енфилд“ понудил сума од 1,5 милон фунти за позајмица на Шакири до крајот на сезоната, со можност во летниот преоден рок да се направи траен договор за кој Ливерпул на Баерн би му платил дополнителни 8 милиони фунти.

Според „Експрес“ клучна за преминот на Швајцарецот во Англија, а не во Италија, е неделната плата од 10.000 фунти која Шаќири би ја заработувал до крајот насезоната играјќи за Ливерпул.

Би можело да ве интересира

Словенија и Данска одиграа нерешено, Јанжа го спречи поразот

A1on

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ