Лилард го откажа настапот на СП во Кина

Од:

Дамијан Лилард и Демар Дорозан се последните кошаркари кои се откажаа од настапот за репрезентацијата на САД на Светското првенство во кошарка што годинава се одржува во Кина.

Американските медиуми пишуваат дека отсуството на Лилард ќе биде голем удар за новиот селектор Грег Поповиќ, кој требаше да биде негов клучен играч по отказот на Антони Дејвис и Џејмс Харден.

Сепак, според директорот на американската репрезентација Џери Коланџело нема потреба за загрижување, и дека САД и покрај бројните откажувања на кошаркарските ѕвезди има доста таленти кои ќе донесат злато од Светското првенство во Кина.

– Историјата не учи дека отказите се само дел од одреден процес. Благословени сме со многу таленти така што ќе го земеме тоа што ни се понуди, изјави Коланџело.

Би можело да ве интересира

Дејвис ќе паузира најмалку еден месец

Ол-стар натпреварот во Индијанаполис 2021 година може да не се одржи

А1он

Дејвис со 46 поени ги предводеше Лејкерс до триумф над Њу Орлеанс

Ленард: Навивачите што ме исвиркуваа всушност ме сакаат

Јокиќ со петти трипл-дабл сезонава, конечно победа за Вориорс

Поранешниот комесар на НБА е во критична состојба