Лидерот Фени Индустри гостува во „Кале“

Од:

Со натпреварот кој ќе се одигра вечерва од 18 часот во салата на „СРЦ Кале“ во Скопје меѓу домашниот Вардар и Фени Индустри од Кавадарци ќе започне 6.коло во Првата македонска кошаркарска лига.

Два натпревара од ова коло ќе се одиграат утре. Во Струмица од 18 часот, истоимената домашна екипа го пречекува тимот на Работнички, а од 19 часот во Гевгелија ќе започне натпреварот Кожув – Лирија.

Средбата Пелистер Спорт – Куманово, со која ќе биде комплетирано 6.то коло ќе се одигра в недела од 18 часот во Битола.

Табела: Фени Индустри 9 бодови, Кожув 8, Лирија 8, Струмица 8, Работнички 8, Куманово 8, Вардар 6 и Пелистер Спорт 5.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ