Лејкерс ја запишаа првата победа сезонава по солидна одбрана

Од:

Леброн Џејмс постигна 32 поени и додаде 10 асистенции за да ги изведе Лејкерс до првата победа во НБА-сезоната – 95-86 против Јута на домашен терен.

Ентони Дејвис помогна со 21 поен, а Трој Даниелс се приклучи од клупата со 15 поени, од кои 4 беа тројки. „Езерџиите“ делуваа цврсто во одбрана, предизвикувајќи 23 грешки на „џезерите“.

– Сакаме да играме таков вид на одбрана на секој натпревар и да ги задржиме нашите противници под просекот, рече задоволниот Леброн.

Натпреварот беше неизвесен до паузата пред домаќините да ја преземат контролата во третата четвртина. „Кралот“ постигна 12 поени, Даниелс постигна 3 тројки, а по 31:18, за Јута немаше враќање назад. До крајот гоститесамо ја намалија негативата.

Донован Мичел постигна 24 поени за Џез, но тие играа без Бојан Богдановиќ, кој го повреди глуждот во првиот натпревар од кампањата и мораше да го пропушти судирот.

Би можело да ве интересира

Дејвис ќе паузира најмалку еден месец

Ол-стар натпреварот во Индијанаполис 2021 година може да не се одржи

А1он

Дејвис со 46 поени ги предводеше Лејкерс до триумф над Њу Орлеанс

Ленард: Навивачите што ме исвиркуваа всушност ме сакаат

Јокиќ со петти трипл-дабл сезонава, конечно победа за Вориорс

Поранешниот комесар на НБА е во критична состојба