Леброн нема да игра многу во подготовителните натпревари за Л.А.

Од:

Леброн Џејмс одигра само 55 натпревари за Лос Анџелес Лејкерс минатата сезона, која заврши на разочарувачки начин за тимот.

Кошаркарот, кој ќе наполни 35 години на крајот на декември, нема да биде преоптоварен за време на претсезонските дуели на „езерџиите“, според Френк Вогел, кој го презеде тренерскиот штаб на Лук Волтон на почетокот од оваа година.

– Сакаме интелигентно да и пристапиме на ситуацијата. Ќе му дадеме многу време да разговара и да работи со своите соиграчи, но дефинитивно нема да претеруваме со обемот на работа во подготовките пред сезоната, рече Вогел.

Џејмс запиша своевиден антирекорд во последната сезона, а споменатите 55 натпревари се најмалку за него во рамките на една кампања како професионалец.

Лејкерси се засилија со Ентони Дејвис во текот на летото и ќе се обидат да стават крај на застрашувачката серија без учество во плеј-офот која трае шест последователни сезони – најлошата низа во клупската историја на 16-кратните шампиони во НБА.

Би можело да ве интересира

Дејвис ќе паузира најмалку еден месец

Ол-стар натпреварот во Индијанаполис 2021 година може да не се одржи

А1он

Дејвис со 46 поени ги предводеше Лејкерс до триумф над Њу Орлеанс

Ленард: Навивачите што ме исвиркуваа всушност ме сакаат

Јокиќ со петти трипл-дабл сезонава, конечно победа за Вориорс

Поранешниот комесар на НБА е во критична состојба