Лазовски повеќе не е селектор на кошаркарите

Од:

Марјан Лазаевски повеќе не е селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија. Лазовски поднел оставка на функцијата до Стручниот совет, која на состанокот во четвртокот навечер била прифатена од Упрваниот Одбор на Македонската кошаркарска федерација.

Здравствените причини како први, но имајќи ја во предвид и потребата посериозно да се посвети на клупските обврски, резултираа Марјан Лазовски се причините поради кои селекторот заминува од функцијата.

„Управниот Одбор на МКФ имаше разбирање и ја прифати оставката на Лазовски, на база на одличната соработка која Федерацијата ја имаше со него во изминатите години, кога максимално коректно и професионално ги извршуваше сите задачи во сите селекции и проекти во кои бил ангажиран. Со взаемен договор, соработката на МКФ со Лазовски и натаму продолжува, но на друго поле, во други заеднички проекти“, стои во соопштението на МКФ.

Спортскиот директор Врбица Стефанов и директорот на репрезентациите Илија Мерџановски, во наредниот период активно ќе се вклучат во процес на изнаоѓање ново вистинско решение за македонскиот најдобар кошаркарски тим.

На состанокот на УО било потенцирано дека внимателно ќе се избира и нема да се избрзува, со надеж дека Македонија ќе го добие новиот селектор до извлекувањето на групите за Евробаскетот во Словенија, закажано за 18 ноември.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ