Лаутаро го откачи Јунајтед, сака само во Барса

Од:

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез е подготвен да отфрли каков било предлог од Манчестер Јунајтед за да заигра во составот на Барселона следната сезона.

Двата клуба изразија интерес за аргентинскиот стрелец преку зимскиот преоден рок, но „нероазурите“ не беа подготвени да се разделат со својата ѕвезда. Сепак, самиот играч ќе ги претпочита Каталонците, за да може да игра со неговиот голем идол Лионел Меси.

Дваесет и две-годишниот фудбалер одлично настапува во составот на Антонио Конте оваа сезона, постигнувајќи 16 голови на 27 одиграни натпревари досега во текот на кампањата. Во Барселона се верува дека Лаутаро ќе биде долгорочната замена за Уругваецот Луис Суарез.

Според италијанските медиуми, играчот има откупна клаузула од повеќе од 110 милиони евра.

Би можело да ве интересира

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика