Л’екип: Зидан е најдобриот светски тренер

Од:

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е прогласен за во моментов најдобар на светот од страна на францускиот часопис „Л’Екип“. Насловната страница на угледниот спортски весник денеска е посветена на оваа тема.

Зидан ги надмина најдобрите клупски тренери Јирген Клоп, кој работи со Ливерпул, и Пеп Гвардиола, кој го предводи Манчестер сити.

Зидан го тренираше Реал Мадрид од 2016 до 2018 година и за ова време го освои Шпанското првенство и Суперкупот, трипати ја освои Лигата на шампионите, а исто така двапати ги освои УЕФА Супер купот и Светското клупско првенство.

Во мадридскиот клуб се врати во 2019 година и повторно оваа сезона ја освои шампионската титула во Ла Лига. зс

Би можело да ве интересира

Марсеј остана без тренер

Предраг Петровиќ

Драма во Словенија: Тренер изгуби свест на натпревар, лекарите се бореа за неговиот живот

На натпреварот доби вила вредна 3,5 милиони евра: Од неа се исели по 3 дена за да не го загуби животот

Предраг Петровиќ

Американски тренер e обвинет за злоупотреба на девојчиња, некои на возраст од 11 години

(ВИДЕО) Тренерот од Славонија ја крши масата и им вреска на тинејџерите: „Ќе ве претепам“

Наградата „Книжевен жезол“ за поетите Весна Ацевска и Новица Ѓуриќ