Доделена државната награда „22 Ноември“

Од:

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска беше доделена државната награда „22 Ноември“ за 2023 година. Добитници на наградата оваа година се проф. д-р Агим Винца, истражувач и писател, и Амет Селмани, писател.

Наградите ги врачи професор д-р Миџат Положани кој во своето обраќање ја истакна важноста од негувањето на Албанскиот јазик.

-На нас ни преостанува да го негуваме и унапредуваме уште повеќе албанскиот јазик, но и изговорајќи ги подобро самогласките, како и правописно пишување на согласките. Се надеваме дека Наградата 22 Ноември“ која се доделува во чест на албанската историја ќе биде уште поголем поттик во иднина, порача Положани.

Докторот Агим Винца рече дека Битолскиот конгрес од 1908 година на кој е донесена одлука за унифицирана азбука на албански јазик, придонела за започнувањето на модерната ера на албанското писмо и култура.

-Со овој настан привршува периодот на албанското писмо со повеќе азбуки и започнува модерната ера на албанското писмо и култура. Ние албанските интелектуалци имаме повеќе причини да се гордееме со битолскиот Конгрес и да ги афирмираме неговите идеи, кои имаат вредност за нашето време. Бидејќи, во Битола во ноември 1908 година „Трета есен“, албанската интелектуална елита, определувајќи се едносгласно за латиснката азбука како абц на нашиот мајчин јазик, ја потврдува уште еднаш европската, поточно прозападната ориентација, на Албанците како народ, истакна Винца.

Додаде дека интелектуалците имаат за обврска да го негуваат духот на соработката, толеранцијата и разбирањето кои преовладувале во деновите на Конгресот.

На настанот присуствуваа и спикерот на Собранието Талат Џафери, како и министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Наградата „22 Ноември“ се доделува како признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во земјава кои придонеле во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

Рабије Мурати и Антонио Митриќески добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“

Познати добитниците на наградата „13 Ноември“

На натпреварот доби вила вредна 3,5 милиони евра: Од неа се исели по 3 дена за да не го загуби животот

Предраг Петровиќ

Наградата „Книжевен жезол“ за поетите Весна Ацевска и Новица Ѓуриќ

Оливера Николова е добитничка на наградата „Прозарт“ на 10. „ПРО-ЗА Балкан“