Американците го бараат водачот на ирачката милиција, нудат 10 милиони долари за информации каде се крие

Од:

САД нудат награда до 10 милиони долари за информации за водачот на ирачката шиитска милиција Катаиб Сајид ал-Шухада (КСС), поддржана од Иран.

Американскиот Стејт департмент, преку својата програма „Награди за правда“, го идентификуваше водачот како Хашим Финјан Рахим ал-Сараџи и ја означи неговата група како терористичка организација, објавува „Гардијан“.

Во објавата на платформата X се наведува дека „членовите на КСС убиле ирачки цивили и нападнале американски дипломатски мисии во Ирак, како и американски воени бази и персонал во Ирак и Сирија“.

Овој потег е дел од одговорот на САД и Израел на зголемените напади од страна на иранската мрежа на милитантни групи низ Блискиот Исток врз американски, израелски и сојузнички цели. Во овој нов, честопати таен конфликт, Ирак стана клучно бојно поле.

Милициите во голема мера се регрутирани од мнозинската шиитска заедница во Ирак и работат под команда на високи офицери во Корпусот на Иранската револуционерна гарда.

Би можело да ве интересира

Трамп вети 5.000 долари за секој Американец ако републиканците победат на изборите

А1он

Трамп доби „ладен туш“ пред изборите: Не смеете да се заканувате!

А1он

Војната со Иран ги чинела САД над 47 милијарди долари, Пентагон пресметува нови трошоци

„Волстрит џурнал“: САД се подготвуваат за можен краток, но интензивен воен судир со Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Синот на Болсонаро побегна во САД по изборниот пораз, Трамп му одобри виза

Горан Наумовски

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он