Квитова за прв пат по осум години се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос

Од:

Чешката тенисерка Петра Квитова, ја победи Жанг Шуаи од Кина, во осминафиналето на Грен слемот Ролан Гарос. Во меч што траеше еден час и 19 минути, Квитова го доби првиот сет со 6:2, вториот со 6:4.

Од почетокот на турнирот, Чехинката не загуби ниту еден сет.

Според резултатите на Грен слемот во Париз, Квитова ќе се врати во Топ 10 на ВТА листата.

За Квитова ова е втор пласман во четвртфиналето на парискиот Грен слем. Таа стигна до оваа фаза во 2012 година.

За пласман во полуфиналето, Квитова ќе ги одмери силите со Лора Зигемунд од Германија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ѓоковиќ оди кон 23. грен-слем, преку повредениот Алкараз до седмото финале на Ролан Гарос

Ролан Гарос се огласи за пораката на Ѓоковиќ за Косово

Предраг Петровиќ

Украинската тенисерка исвиркана: Треба да се срамат

Надал нема да игра на Ролан Гарос, испаѓа од Топ 100, тврдат шпанските медиуми

Ана Ололовска

ВИДЕО: Рекорден 14. трофеј за Рафаел Надал на Ролан Гарос

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Кралот на земја“ го продолжува походот по 14. титула од Ролан Гарос

Ана Ололовска