ВИДЕО: „Кралот на земја“ го продолжува походот по 14. титула од Ролан Гарос

Од:

Рафаел Надал го продолжува походот по 14. титула од Ролан Гарос, откако во епската битка со својот стар познаник Новак Ѓоковиќ во 1 часот по полноќ во Париз стигна до 6:2/4:6/6:2/7:6(4) победа и се пласираше во полуфиналето на францускиот гренд слем.

dobivaj vesti na viber

Во меч за кој ќе се зборува надолго, двајцата тенисери покажаа дека уште се најдобрите на светот без разлика на годините, покажувајќи фантастичен тенис, борбеност и подготвеност да се оди до крај.

Надал почна фуриозно, освојувајќи го првиот сет со 6:2 и стигнувајќи до 3:0 водство во вториот, очигледно „жеден“ за одмазда по минагодишниот пораз од Србинот во полуфиналето на турнирот. Меѓутоа, Ѓоковиќ успеа да направи неверојатен камбек со два брејка (од кои едниот во гем кој траеше подолго од 18 минути) за да израмни на 1:1.

Шпанецот го отвори третиот сет слично како првиот, со брејк и лесно стигна до 6:2 и до предност, по што повторно следуваше епска битка во четвртиот сет, во кој Ѓоковиќ прв направи брејк, но Надал се врати, за во тај-брејкот да дојде до 5:1 предност, која не ја испушти до крајот.

Во полуфиналето Надал ќе се бори со Александер Зверев, кој вчера попладне ја сопре серијата на младиот сонародник на Надал, Карлос Алкараз со импресивна победа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инцидент во Лондон: Навивач истрча на теренот и се запали пред Ѓоковиќ, Надал и Федерер

А1он

Надал ќе одмори од тенисот

Надал со крвав нос избори пласман во третото коло

Мекинро му одговори на Надал: Сите знаеме што прави последните 15 години

Надал му се налути на Мекинро за обвинувањата дека троши премногу време

Чориќ го елиминира Надал од мастерсот во Синсинати