Кузмиќ објасни зошто носи дрес со бројот нула

Од:

После тешкиот период и закрепнувањето од сообраќајната несреќа, кошаркарот Огњен Кузмиќ во Црвена ѕвезда го одбра дресот со бројот нула, затоа што со тој број, во спортот и животот воопшто, симболично како да почнува од нула.

Кузмиќ се врати на терен на евролигашкиот меч против Барселона, и беше поздравен со овации. Пред три месеци, тој имаше тешка сообраќајка, по која една недела беше во кома, и постоеја критични моменти кога не се знаеше ниту дали ќе преживее.

Не само што преживеа и закрепна од повредите и скршениците на вилицата, туку тој ѝ се врати на кошарката, и повторно е на паркетот. Центарот се чувствува како да почнува нов период во животот, и тргнува од нула, со нова бројка на дресот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кер: Ги гледав кошаркарите на Србија како плачат, ужасно се чувствував, направија се

ВИДЕО: Германците до историска светска титула, Србија падна во финалето

Катерина Ѓуровски

Србија ја збриша Канада за финале на Светското кошаркарско првенство

Катерина Ѓуровски

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Теодосиќ избегна сериозна повреда, ќе пропушти 20 дена

А1он

Кокошков веќе не е селектор на Србија

А1он