Францускиот репрезентативец Лејвин Курзава влезе во историјата на Лигата на шампиони како прв одбранбен фудбалер со постигнати три гола на еден натпревар.
Тој со хет-трикот придонесе ПСЖ синоќа убедливо да го победи Андерлехт со 5:0 и да се пласира во осминафиналето.
Воедно, Курзава е вториот играч на ПСЖ со хет-трик, по Златан Ибрахимовиќ кој пред четири години, исто така на дуел со Андерлехт, три пати се запиша во листата на стрелците.