Куп на Македонија: Тетекс-Кожуф утре, сите останати ќе играат во среда

Од:

Екипите на Тетекс и Кожуф реванш натпреварот од осминафиналето од фудбалскиот Куп на Македонија ќе се игра во вторник, а сите останати возвратни дуели на програмата се во среда (18 октомври).

Фудбалската федерација на Македонија ги одреди судиите за претстојните дуели во националниот куп, по кои ќе бидат познати седум од осумте четвртфиналисти.

Дербито меѓу Шкендија и Работнички ќе го суди Марјан Гоцевски од Струмица, а негови асистенти ќе бидат Горан Манасиев и Петар Новачев од Велес.

Двојки за реванш осминафиналните натпревари во фудбалскиот Куп на Македонија:

Вторник
Тетекс – Кожуф (2-2 прв натпревар),

Среда
Победа – Брегалница (3-2),
Шкендија – Работнички (1-1),
Еуромилк ГЛ – Скопје (0-3),
Борец – Пелистер (2-4),
Академија Пандев – Силекс (0-1) и
Струга Трим Лум – Ренова (3-2).

Сите натпревари ќе почнат во терминот од 14.30 часот.

Поради настап на македонскиот шампион Вардар во УЕФА Лига Европа, првиот меч против Шкупи на гостински терен вардарци ќе го одиграат на 29 октомври (13 часот).

Би можело да ве интересира

Македонија ЃП на пенали го освои трофејот во Купот на Македонија

Силекс го освои фудбалскиот Куп, на пенали беше подобар од Академија Пандев

Жарко Настоски

Силекс и Академија Пандев ќе играат во финалето на Купот на Македонија

Жарко Настоски

Академија Пандев прв финалист во Купот на Македонија

Жарко Настоски

Извлечени двојките за полуфиналето во Купот на Македонија

Ана Ололовска

Познати полуфиналистите во фудбалскиот Куп на Македонија

Жарко Настоски