Куманово со победа се враќа од гостувањето во Никшиќ

Од:

Кошаркарите на Куманово триумфално ќе се вратат од Никшиќ каде славеа победа над Сутјеска со 86:83.

Кумановци продолжението од сезоната во регионалната Балканска лига (БИБЛ) го започнаа со победа над Сутјеска извојувана на теренот на противникот.

Во дуелот од 8. коло на А групата одигран вечерва во Никшиќ, екипата на Куманово до четвртата победа во БИБЛ стигна благодарение на одличната реализација на ударите од игра (54.8%), пред се за три поени реализирајќи 7 „тројки„ од 17 обиди.

Александар Костовски со 22 поени, и 7 асистенции, беше предводник на „четата„ на тренерот Игор Михајловски.

Со двоцифрен број на поени натпреварот го завршија и: Урош Луковиќ кој постигна 18, Вукашин Мандиќ со учинок од 16 поени и 7 скокови и Синиша Аврамовски кој покрај 15 поени имаше и 7 скокови.

Со оваа победа (четврта во шесте одиграни натпревари) Куманово се израмни со екипата на Пеќ на првите две места во А конкуренцијата, тим кој утре гостува кај црногорската екипа Теодо.

Вториот македонски претставник во БИБЛ лигата Кожув е слободен во ова коло, а гевгеличани на 21 јануари ќе гостуваат во Приштина кај Сигал во обид да ја продолжат низата на победи и да останат единствениот непоразен тим во Балканската лига.

Би можело да ве интересира

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос

Навивачки нереди во Црна Гора: Хулигани упаднаа на теренот за време на дербито и го прекинаа натпреварот

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка