Куманово гостува во Самоков

Од:

Кошаркарите на Куманово денеска со почеток од 17 часот во Самоков против бугарскиот тим Рилски Спортист ќе го одиграат вториот натпревар од новоформираната група на „шестте најдобри“ екипи во Балканската регионална лига (БИБЛ).

Кумановчани кои во претходното коло славеа на гостувањето во Тиват, се надеваат дека ќе успеат да го задржат чекорот со водечките на табелата Левски и Кавала кои како и Куманово, имаат биланс од три победи и два пораза.

Утре ќе се одиграат двата преостанати натпревари од ова коло во кое Кавала го пречекува Левски, а актуелниот шампион на БИБЛ, израелскиот тим Галил Гилбоа е домаќин на Теодо.

Табела: Левски 3-2 (победи – порази), Кавала 3-2, Куманово 3-2, Рилски Спортист 2-3, Галил Гилбоа 2-3 и Теодо 2-3.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ