Kривични пријави за младите српски фудбалери

Од:

Министерството за внатрешни работи на Србија поднесе кривични пријави против 12 лица под сомневање дека на мечот Србија – Англија за играчи до 21 година извршиле кривично дело, насилство на спортска приредба или јавен собир.

Кривичо ќе одговараат и тројца навивачи поради употреба на пиротехнички средства на северната трибина на стадионот „Младост” во Крушевац.

Квалификацискиот дуел се одигра во Крушевац на 16.10 а победи Англија со 1:0. По завршувањето на мечот дојде до инцидент во кој учествуваа повеќе фудбалери. Англиската федерација ги обвини Србите дека навредувале на расна основа.

ФС на Србија ги суспендираше на Никола Нинковиќ и Огњен Мудрински со забрана на настап во репрезентацијата во наредните година дена, тренерот на голманите и кондицискиот тренер на по две години.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ