Котлеба: Наумоски и Гаврилоска, вистински луѓе на вистинско место

Од:

Изминатите два дена гостин на Македонската кошаркарска федерација беше советникот на генералниот секретар на ФИБА, Лубомир Котлеба.

– Престојот во Македонија беше многу информативен и убаво организиран од страна на федерацијата. Вашите сали се по стандардите на ФИБА. Состанокот беше краток но мина во одлична атмосфера. Бев импресиониран од нивната чиста визија и посветеност кон подобрување на македонската кошарка. Наумоски и Гаврилоска можам да истакнам дека се вистински луѓе на вистинско место, истакна Котлеба по средбите со првиот човек на македонската кошарка Петар Наумоски и генералниот секретар Моника Гаврилоска.

За време на краткиот престој високиот гостин ги посети арената Борис Трајковски, СЦ. Јане Сандански во кои МКФ сака да ги организира натпреварите од претквалификациите за Светскиот шампионат во Кина во 2019 година. Потоа во Македонскиот олимписки комитет се сретна со генералниот секретар Сашо Попоски.

Би можело да ве интересира

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Нови тројца српски кошаркари се суспендирани од ФИБА поради учество во местење натпревари

ВИДЕО: Германците до историска светска титула, Србија падна во финалето

Катерина Ѓуровски

Машката кошаркарска репрезентација едно место погоре на листата на ФИБА

А1он

Македонскиот братски судиски тандем Митровски испиша историја во ФИБА купот

Ана Ололовска

ФИБА Еврокуп: Куманово убедливо поразен во четвртфиналето од квалификациите

А1он