Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста беше успешно опериран во Бразил, објавија шпанските медиуми.
Офанзивниот фудбалер, кој имаше проблеми со левото стапало, ќе биде надвор од игра околу осум-девет недели.
– Се помина успешно, без компликации, соопшти медицинскиот тим одговорен за операцијата на Коста.
Триесет годишниот стрелец се очекува да се врати во игра во февруари. Коста играше со болка во последните натпревари од тимот откако ја доби повреда на тренинг во ноември.
Напаѓачот постигна четири голови и две асистенции во 15 настапи за Атлетико Мадрид оваа сезона.