Кошаркарките од КК „Крива Паланка” со победа ја отворија сезоната

Од:

Со победа од 89 наспрема 24 против екипата на КК „Спорт тим” од Неготино, кошаркарките од Кошаркарски клуб „Крива Паланка” ја почнаа новата сезона натпреварувања во младинските лиги на Кошаркарската федерација на државава.

Мечот се одигра во спортската сала „Бранители 2001“, каде КК „Крива Паланка” ги одигрува домашните натпревари.

– И оваа сезона клубот пријави сениорски тим во првата лига жени, но и три младински екипи, две во женска конкуренција, до 16 и до 14 години, како и екипа машки, генерација 2007/08, кои ќе ги бранат боите на клубот.Сите екипи работат интензивно, отворањето на сезоната со победата на првиот натпревар, против „Спорт тим” е само еден чекор кон остварување на сите зацртани планови оваа сезона, 2019/20, во која сме носени од поддршката на повеќе чинители, на локалната самоуправа, локални институции и секако нашите спонзори, чијшто учинок е стимул за постигнување резултати. Сезоната е пред нас, ќе бидеме доследни на нашиот стил на работа и игра,а резултатите ќе дојдат со упорна работа и посветеност, истакна првиот човек на КК „Крива Паланка”, Ведран Белешковски.

Тренерот Мирослав Ивановски рече дека резултатите од минатата сезона, државни прваци до 14 години во женска конкуренција и третото место до 16 години, добрата позиционира ист на прволигашката табела, се нешто што ги задолжува и обврзува да се работи уште по посветено и макотрпно.

Кривопаланечките кошаркарки денеска ќе го одиграат и првиот меч од Прва лига жени, со почеток во 16 часот, на гостински терен,кај екипата на ЖКК “Бдел 1862″, Скопје. Во натпреварувачката сезона 2019/20 КК Крива Паланка настапува и во „Спорт клуб кидс” лига, со машка и женска екипа генерација 2007/08, како и со екипа машки 2003/04 и женски 2005/06 во „Вардар лига“.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ