Кошаркарите во недела ќе ги добијат противниците за ЕП во 2013

Од:

Во недела во Постоинска Јама во Словенија, ќе бидат извлечени групита за Европското првенство во кошарка, кое ќе се одржи во септември следната година.

Словенците, подготвуваат вистински спектакл, извлекувањето на групите ќе биде на 115 метри под земјата, а топчињата ќе ги извелкуваат легенди на словенечката и европската кошарка – Иво Данеу, раш Нестеровиќ, Петер Вилфан, Аљоша Жорга, Хорхе Гарбахоса, Ибрахим Кутлај, Александар Волков…

Церемонјата ќе започне во 18 часот, а ФИБА Европа од претходно ги одреди ‘шеширите’ од кои ќе бидат влечени 24 репрезентации учеснички на Евробаскетот.

Кошаркарската репрезентација на Македонија, благодарение на освоеното четврто место на ЕП во Литванија се наоѓа во првиот ‘шешир’, заедно со Шпанија, Франција и Русија.

Прв ‘шешир’: Шпанија, Франција, Русија, Македонија
Втор ‘шешир’: Литванија, Грција, Велика Британија, Словенија
Трет ‘шешир’: Германија, Црна Гора, Италија, Хрватска
Четврти ‘шешир’: Босна и Херцеговина, Полска, Украина, Финска
Петти ‘шешир’: Турција, Грузија, Белгија, Летонија
Шести ‘шешир’: Израел, Чешка, Србија, Шведска

Со жрепката ќе бидат формирани четири групи со по шест репрезентации, најдобрите три од секоја група ќе го продолжат натпреварувањето во следната фаза, каде секоја од репрезентациите ќе одигра уште по три натпревари и ќе се борат за пласман во четвртфиналето. Европското првенство во Словенија ќе се држи од 4-22. септември 2013 година.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ