Комплетирано 18.коло во АБА лига

Од:

Кошаркарите на Крка на свој терен синоќа славеа победа против Широки во натпревар со кој беше комплетирано 18. коло во регионалната АБА лига. Конечниот резултат беше 74:71 (по четвртини 21:21; 18:16; 14:17 и 21:17).

Во дербито на колото екипата на Игокеа која се наоѓа на првото место на табелата со 80:77 ја победи Црвена Звезда, а победа во оваа рунда оствари и македонскиот претставник МЗТ Скопје Аеродром против Сплит со 93:84 (по продолжение).

Резултати на другите дуели: Задар – Цибона 78:76, Шолнок – Раднички 66:78, Цедевита – Олимпија 73:67 и Партизан – Будуќност 63:50.

Табела: Игокеа 15-3 (победи-порази), Црвена Звезда 12-6, Партизан 12-6, Будуќност 10-8, Раднички 10-8, Цедевита 10-8, МЗТ Скопје Аеродром 10-8, Унион Олимпија 9-9, Крка 8-10, Задар 7-11, Сплит 7-11, Цибона 6-12, Широки 6-12 и Шолнок 4-14.

Би можело да ве интересира

Навивачки нереди во Црна Гора: Хулигани упаднаа на теренот за време на дербито и го прекинаа натпреварот

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ