Комплетиран шестиот круг во Евролигата

Од:

Со двата натпревари одиграни синоќа беше комплетирано 6.коло во кошаркарската Евролига по кое Барселона веќе обезбеди учество во следната фаза „ТОП 16“.

На синоќешниот натпревар на гостувањето против Каха Лаборал, за Олимпијакос 20 минути настапи македонскиот интернационалец Перо Антиќ кој во победата на неговиот клуб од 89:72 учествуваше со 9 поени и 5 скокови.

Во вториот натпревар Анадолу Ефес го совлада Армани на домашен терен.

Комплетни резултати од 6.коло и табели по групи во кошаркарската Евролига:

Група А: Химки – Фенербахче 71:70, Унион Олимпија – Канту 81:79 и Панатинаикос – Реал Мадрид 79:68.
Табела: Реал Мадрид 4-2 (победи-порази), Химки 4-2, Панатинаикос 3-3, Фенербахче Улкер 3-3, Унион Олимпија 2-4, Канту 2-4.

Група Б: Асеко Проком – Елан Шалон 70:76, Макаби – Уникаха 62:64 и Алба Берлин – Монтепаски 73:75.
Табела: Макаби 5-1, Уникаха 5-1, Монтепаски 3-3, Алба Берлин 2-4, Елан Шалон 2-4, Асеко Проком 1-5.

Група Ц: Цедевита – Жалгирис 108:106, Анадолу Ефес – Армани 77:71 и Каха Лаборал – Олимпијакос 72:89.
Табела: Жалгирис 5-1, Анадолу Ефес 4-2, Олимпијакос 4-2, Армани 2-4, Цедевита 2-4, Каха Лаборал 1-5.

Група Д: Литвос Ритас – ЦСКА Москва 62:71, Бамберг – Барселона 66:86 и Партизан – Бешикташ 87:72.
Табела: Барселона 6-0, ЦСКА Москва 5-1, Бешикташ 3-3, Бамберг 2-4, Партизан 1-5, Литвос Ритас 1-5.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ