Кој има 120 милиони евра може да купи Бејл

Од:

Дали Герет Бејл ќе го урне рекордот на Кристијано Роналдо со трансферот вреден 120 милиони евра е прашањето со кое се занимаваат најголемите спортски весници од Шпанија до Англија.

Тотенхем информираше дека цената за Бејл е 120 милиони евра и му порача на Реал Мадрид дека се подготвени на преговори дури кога ќе стигне понудата што сакаат да ја слушнат.

Во Реал се свесни дека за доведувањето на Бејл мора да биде пробиен уште еден рекорд, откако во 2009 година го купија Роналдо за 96 милиони евра.

Сепак, „Ас” пишува дека Шпанците ќе се обидат да понудат 100 милиони евра, како и уште некој фудбалер од нивните редови. Најмногу се споменува Анхел Ди Марија, кој е проценет на околу 30 милиони евра.

Шпанскиотн печат пишува дека Тотенхем на крајот ќе се согласи да го продаде Бејл за 100 милиони евра, бидејќи една повреда или пад на формата би можело драстично да ја намали цената на фудбалерот следната сезона, па ова е идеален момент за нова најголема зделка во историјата на фудбалот.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ