Клоп нема да се откаже од ЛШ заради Премиер лигата

Од:

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп категорично го отфрли сценариото, според кое тимот ќе ја остави во втор план Лигата на шампионите во името на постигнување на најголема цел – титулата во Премиер лигата.

Тоа се двата турнири во кои Ливерпул продолжуваат да учествуваат, откако минатиот месец „црвените“ отпадна од ФА Купот, бидејќи Клоп се обложи на слаб состав за дуелот со Вулверхемптон.

– Сигурно ќе се обидеме. Има дискусии меѓу луѓето, бидејќи некои тврдат дека треба да се фокусираме само на првенството. Ние сепак продолжуваме во Лигата на Шампионите и сум многу среќен. Ќе бидеме подготвени за натпреварите против Баерн, кои ќе бидат многу, многу тешки. Сега ни претстојат натпревари за првенството, по што доаѓа Лигата на шампионите, а меѓу дуелите со Баерн има еден многу убав натпревар со Манчестер Јунајтед. Во секоја од овие средби ќе влеземе со сè што располагаме. Тоа е нормално, изјави Клоп.

Првиот дуел меѓу Ливерпул и Баерн на програмата е на 19 февруари на „Енфилд“, додека реваншот е на 13 март на „Алијанц арена“.

Би можело да ве интересира

Одлични вести за „милионерите“: Клоп се враќа во Борусија?

Предраг Петровиќ

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Јирген Клоп го напушта Ливерпул на крајот од сезоната

Горан Наумовски

Клоп не е загрижен за отказ, туку размислува за нови засилувања во Ливерпул

Клоп се извлече без суспензија, но ќе мора да плати казна за црвениот картон

Горан Наумовски

Клоп ќе „одговара“ за фуриозната реакција кон линискиот судија