Клоп не е загрижен за отказ, туку размислува за нови засилувања во Ливерпул

Од:

Англиските медиуми пред само неколку дена објавија дека раководството на Ливерпул размислува да му даде отказ на Јирген Клоп, но германскиот стратег не обрнува внимание на тоа, туку размислува за следното лето и трансферите кои може да ги искористи за засилување на тимот.

„Црвените“ моментно се на осмото место на табелата во Премиер – лигата и можеби нема да изборат пласман во Лигата на шампионите.

„Ова е лето кога дефинитивно треба да купуваме. Жал ми е што во моментов не можам да гарантирам ЛШ, но ќе се бориме за тоа. Ќе биде тешко и сѐ ќе се решава во финишот на сезоната, но мора да почнеме да работиме на трансфери многу порано, пред да знаеме каде ќе завршиме во однос на позицијата и европските натпреварувања“, изјави Клоп.

Сопственикот Џон В. Хенри најави обезбедување на нова инвестиција оваа недела, но се уште не е јасно кога таа всушност ќе влезе во клубот или каков ефект ќе има врз трансфер буџетот на Клоп. Меѓу играчите што ги сака Ливерпул се Џуд Белингем од Борусија Дортмунд, Мејсон Маунт од Челси и Матеус Нуњез од Вулверхемптон.

„Ако Џон е оптимист, и јас сум оптимист, бидејќи ова е бизнис. Игравме во Лигата на шампионите пет години по ред и бевме во три финалиња, што е огромна работа финансиски. Изградивме трибина и нови терени за тренинзи, клубот е навистина во добра форма, но и другите забрзуваат и не можеме да го игнорираме тоа. Тешко е да се најдат вистинските играчи. Не треба да носите многу од нив, но мора да бидат вистинските. Фала му на Бога, има многу „вистински“ играчи во светот на фудбалот, но не можеме да донесеме многу, а некои не сакаат да дојдат. Сепак, дефинитивно можеме многу“, изјави Клоп.

Би можело да ве интересира

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Јирген Клоп го напушта Ливерпул на крајот од сезоната

Горан Наумовски

Клоп се извлече без суспензија, но ќе мора да плати казна за црвениот картон

Горан Наумовски

Клоп ќе „одговара“ за фуриозната реакција кон линискиот судија

Клоп: Не мора да бидеме пријатели… Никој не сака да е пријател со нас

Клоп: Ливерпул нема да се засилува со невакцинирани фудбалери