Клајстерс доби „вајлд-карта“ за Индијан Велс

Од:

Белгијката Ким Клајстерс, која на возраст од 36 години ја продолжи тениската кариера, доби „вајлд-карта“ за претстојниот турнир во Индијан Велс, САД, објавија организаторите.

Клајстерс победи на турнирот во јужна Калифорнија во 2003 и 2005 година, но не учествувала на неа од 2011 година. Поранешната лидерка на светската ВТА листа се врати на теренот по осумгодишно отсуство претходно овој месец на турнирот во Дубаи, каде загуби на стартот во два сета од шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза.

Организаторите исто така објавија дека првиот и вториот на светска ранг-листа – Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал – ќе добијат „вајлд-карта“ за турнирот во двојки.

Ѓоковиќ ќе се здружи со својот сонародник Виктор Троицки, со кого го освоија АТП Купот претходно оваа година, додека Надал ќе биде партнер со Марк Лопез, кој ја освои титулата во Индијан Велс во 2010 и 2012 година.

Турнирот започнува на 9 март.

Би можело да ве интересира

Барти триумфално ја почна тениската година

Ана Ололовска

Осака за амбициите во 2022 година: Никогаш повеќе да не плачам на прес-конференции

Ана Ололовска

Полуфиналистката на Австралија опен, Мухова, ќе го пропушти турнирот во 2022 година

Ана Ололовска

Ема Радукану избрана за спортска личност на годината на „Би-Би-Си“

А1он

Барти и Осака во јануари се враќаат на тениските терени

А1он

ВТА ја избра Барти за тенисерка на годината

А1он