КК ЈУНИОР со три селекции на турнир во Германија

Од:

Кошаркарскиот клуб ЈУНИОР од Скопје денеска почнува со настапите на силниот турнир во Берлин. Македонскиот претставник на оваа меѓународна манифестација ќе учествува по покана на домаќинот АЛБА Берлин.

Јуниор ќе настапи со три селекции (2001, 2002 и 2003), а најголеми очекувања во клубот имаат од ЈУНИОР 2003 кои пред нешто повеќе од три месеци го освоија турнирот во Полска.

– Можеби овој турнир е најголем предизвик за нас,  бидејќи со ЈУНИОР 2003 треба да го одбраниме оној меѓународен успех кој го постигнавме на турнирот во Полска. Ова е права можност уште еднаш да го потврдиме квалитетот на нашите млади селекции и да се здобиеме со искуство плус кое е неопходно за од овие млади играчи да направиме врвни кошаркари, истакна тренерот Дарко Димитриевиќ.

Состави на групи:

У-12: ЈУНИОР, Баерн Минхен, АЛБА Берлин и БСГ Лудвигсбург.

У-13: ЈУНИОР, ТС Јан Минхен, ФЦ Мулуз, АЛБА Берлин и Вроцлав.

У-14: ЈУНИОР, Минхен Ост, Бросе Баскетс Бамберг и БСГ Лудвигсбург.

Би можело да ве интересира

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос

Навивачки нереди во Црна Гора: Хулигани упаднаа на теренот за време на дербито и го прекинаа натпреварот

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка