Кириленко најдобар кошаркар во 2012 година

Од:

Андреј Кириленко, рускиот кошаркарски репрезентативец и играч на НБА тимот Минесота Тимбервулс, е прогласен за најдобар европски кошаркар во изборот на реномираниот италијански спортски весник Газета дело Спорт.

Носител на најмногу титули во овој избор е германскиот кошаркар Дирк Новицки кој добил шест признанија. Хрватот Тони Кукоч е добитник на пет вакви награди, Арвидас Сабонис (Литванија) има четири титули, шпанскиот центар од Лејкерси По Гасол трипати бил најдобар европски кошаркар, додека францускиот плејмејкер Тони Паркер и Предраг Стојаковиќ (Србија) победиле по еднаш.

Кириленко кариерата ја започна во Спартак од Санкт Петербург во 1997 година, а една година подоцна стана член на ЦСКА Москва каде остана до 2001 година. Потоа се пресели во Америка, во НБА екипата Јута Џез каде со успех настапува 10 години. Како играч на Јута во 2004 настапил на „Ол Стар“ во 2006 бил избран во најдобрата дефанзивна петорка на лигата, во 2005 бил лидер по блокови, во 2007 избран е за Играч на годината во изборот на ФИБА.

31-годишниот руски кошаркар во 2011 година се враќа во ЦСКА Москва, за од 2012 повторно да заигра во НБА, но сега како член на Минесота.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ