Касиљас: Бејл е еден од најдобрите

Од:

Капитенот на Реал Мадрид, Икер Касиљас изјави дека Герет Бејл е еден од најдобрите играчи во Европа, додека кралскиот клуб подготвува понуда за ѕвездата на Тотенхем.

Медиумите пренесуваат дека лондонскиот клуб ја одбил понудата за Бејл во текот на викендот, која изнесувала околу 82 милиони фунти, затоа што сакаат да го спречат заминувањето на велшкиот интернационалец во Мадрид.

Но наводно кралскиот клуб подготвува нова понуда за Бејл, кој минатата година доби признание за најдобар играч, како и најдобар млад фудбалер во Премиер лигата.

-Преговараме со играч кој е еден од тројцата или четворица најдобри во Европа. Одлично влијае на играта на теренот-изјави Касиљас.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ