КАС: Лацио да плати еден милион евра на Феенорд за Де Вриј

Од:

Арбитражниот суд во Лозана донесе одлука за случајот со дефанзивецот Стефан де Вриј и неговиот трансфер во Лацио.

Холандскиот репрезентативец се пресели од Фееноорд во римскиот клуб во 2014 година за неидентификуван износ. Меѓутоа, при една од траншите се случува проблем. „Орлите“ пренесуваат два милиона евра по електронски пат, но се чини дека сметката е лажна и парите не влегле во касата на холандскиот гигант.

Од Ротердам веднаш почнуваат да ги бараат своите права преку суд, а КАС пресуди дека Италијанците должат 1 милион евра на клубот од Холандија.

Од оваа година Де Вриј е фудбалер на Интер, со кого потпиша петгодишен договор во текот на летото.

Би можело да ве интересира

УЕФА ги казни Лацио и Атлетико поради расизам

Предраг Петровиќ

Баер победи во Ротердам во пресметката со Феенорд – 4:0

Горан Наумовски

Фудбалерите на Феенорд му го нанесоа најголемиот пораз на Ајакс

Тепачка меѓу навивачите на Рома и Лацио, полицијата употреби солзавец

Маурицио Сари не е повеќе тренер на Лацио

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка