Карпош Соколи со пораз ги заврши настапите во АБА лигата

Од:

Екипата на Карпош Соколи е поразена од Мега Лекс вечерва во последниот свој настап во дебитанската сезона во регионалната кошаркарска АБА лига.

Домаќините забележаа победа со 82:69, иако македонскиот претставник на полувреме водеше со 42:40, а во 27.минута со 60:53. Клучна за конечниот исход беше разликата од 20:9 што Мега ја направи во последниот период.

Соколи АБА лигата ја завршуваат со 10 победи и 16 порази во вториот дел на табелата, додека Мега има ефект 11-15 и ќе биде на шестата позиција.

Двојките за другите натпревари од последното 26.коло се:

Игокеа – Партизан,
Цедевита – ФМП,
Крка – Цибона,
Задар – Олимпија,
МЗТ Скопје Аеродром – Морнар и
Црвена звезда – Будуќност.

Во плеј-офот ќе играат Црвена звезда, Цедевита, Партизан и Будуќност, а за опстанок се борат Крка и Задар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Обрадовиќ збесна и удри човек, многумина не го видоа тоа во преносот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Жестоко во „Пионир“: Навивачите направија хаос, натпреварот Црвена Звезда-Партизан доцнеше

ВИДЕО: Лесор суспендиран на три натпревари поради физички напад

ВИДЕО: Се пресметаа навивачите на Црвена Звезда и Будуќност на трибините во „Морача“

ВИДЕО: Убедлив пораз на МЗТ Скопје од Будуќност

ВИДЕО: Инцидент на мечот Будуќност-Мега, Американецот Рид исклучен поради брутален напад

Жарко Настоски