Карпош Соколи со победа над Гоце Делчев по две продолженија

Од:

Екипата на Карпош Соколи во крајно неизвесен и драматичен натпревар дури по две продолженија го совлада тимот на Гоце Делчев во Штип со 91:89.

Ова беше втора победа за Соколи со што го задржаа максималниот учинок, а двете победи ги остварија на гостински терен.

Тимот од Скопје влезе како фаворит на ово меч, но дебитантот во Првата лига, покажа дека е исклучително мотивиран за надигрување и не дозволи недостижно одлепување на противникот во ниту еден момент од мечот.

Во второто полувреме, Соколи за прв пат стигнаа до посериозна разлика, а штипјани влегоа во проблеми откако Даниел Калов и Бранислав Радак мораа порано да ја завршат средбата со по пет лични грешки. Сепак, предводени од Никола Караколев, кошаркарите на Гоце Делчев успеаја најпрво резултатски да се доближат, а потоа и да изедначат за 69:69 по 40 минути игра.

Во првото продолжение на 4 секунди до крајот Соколи водеа со два поени, а Петрушев беше прецизен и го одведе мечот во второ продолжение по 81:81.

И во вторите дополнителни пет минути беше драматично. Сепак поискусниот тим стигна до двата бода, иако се укажа нова шанса за Гоце Делчев и повторно преку Петрушев кој имаше можност преку нови две слободни фрлања да донесе и ново, трето продолжение. Петрушев го промаши првото, а потоа и второто со обид за евентуален офанзивен скок, но кошаркарите на Карпош Соколи добро затворија во рекетот и стигнаа до победата.

Денеска играат Водњански Лисици – Работнички и Куманово –  Кожув.

Второто коло се комплетира утре со мечот Фени Индустри – Струмица. 

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ