Капело: Во Реал мислеа дека ќе им биде полесно без Роналдо

Од:

Италијанскиот тренер Фабио Капело ја прокоментира играта на Реал Мадрид по разделбата со Кристијано Роналдо, кој во текот на летото премина во Јувентус.

– Во Реал Мадрид сметаа дека без Кристијано ќе победуваат полесно. Сега е полошо за нив и плаќаат за тоа. Мислам дека резултатите ќе бидат исти. Кога тој беше во Мадрид, нивните противници беа исплашени, а неговите соиграчи беа доста помирни. Реал Мадрид треба да покаже доста квалитет во споредба со претходните сезони, изјави Капело за „Газета дело Спорт“, неколку часа пред натпреварот во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Рома во главниот град на Италија.

Роналдо се пресели во Јувентус откако освои три последователни трофеи во Лигата на шампионите со Реал Мадрид и четири во Ла Лига во последните пет сезони.

Би можело да ве интересира

Неповторливиот Лука Модриќ – собори уште еден рекорд

Предраг Петровиќ

Модриќ го урна рекордот на легендарниот Пушкаш во Реал Мадрид

А1он

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

Детаљ за кој најмногу се зборува – дали Винисиус заслужи црвен картон?

Предраг Петровиќ

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски

Винисиус заминува доколку Реал потпише со Мбапе

Предраг Петровиќ