Капело казнет поради ремито со Молдавија

Од:

Фудбалскиот сојуз на Русија парично го казни селекторот Фабио Капело поради нерешениот резултат со Молдавија.

Русите беа големи фаворити пред овој дуел, но не успеаја да го освојат трите бода играјќи нерешено 1:1.

Капело овој неуспех ќе го чини 2,8 милиони евра или четири месечни плати. Италијанецот со 700 илјади евра месечен приход е најплатениот селектор на светот.

Договорот на Капело му истекува на лето 2018 година. По лошото издание на руската репрезентација на Мундијалот во Бразил, дури и неколку политичари реагираа за преиспитување на примањата на Капело, а дел од нив побараа и негова смена.

Русија во ЕУРО квалификациите е во Г групата. По три кола е втора со 5 бодови, еден помалку од лидерот Австрија. 

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ