Какви се шансите НЛО да го носи олимпискиот оган?

Од:

Какви се шансите дека НЛО ќе биде забележан во текот на церемонијата на отварањето на Олимписките Игри во Лондон? Или дали тој што ќе го носи факелот ќе се препне додека го принесува огнот? Или повеќе ви се допаѓа традиционалното обложување кој ќе освои злато во синхронизирано пливање, Русија или Шпанија?

Лондонските обложувалници нудат квоти за речиси се, вклучувајќи ги и сите 26 дисциплини на ОИ, од трчање, мачување, до скокови во вода и фудбал. Стручњаците оценуваат дека од 27 јули до 12 август ќе се вложат рекордни 100 милиони фунти во обложување.

„Се обидуваме да излеземе во пресрет на сечиј вкус“, рече портпаролот на обложувалницата Вилијам Хил и ги повика заинтересираните да ги контактираат со секое обложување кое ќе им падне на ум. Обложувалницата исто така нуди можност за онлајн облози за секоја од 182 земји кои ќе учествуваат на ОИ, со исклучок на САД и земјите во кои обложувањето е забрането.

Лаброкс, уште еден синџир на британски обложувалници ќе понуди дури 11.000 различни облози во текот на ОИ, вклучувајќи ги и тие дали Олимпијадата ќе го надмине буџетот, дали некој британски натпреварувач ќе биде фатен како јаде Биг Мек и дали спортистите во Олимпиското село ќе останат без кондоми.

Вилијам Хил понуди најнеобична квота 1000:1, дали НЛО ќе се појави над Олимпискиот стадион на отворањето во петок.

Меѓу другите необични понуди се 250:1 дека секој тим на 4х400 метри штафета ќе ја испушти палката, како и 33:1 дека градоначалникот на Лондон Борис Џонсон, случајно ќе ја запали својата коса на олимпискиот оган.

Секако, во игра се и облози поврзани со времето и за сега на дождот се дава пола-пола шанси да заврне. Лаброкс исто така ќе плати 50 долари на облог од еден долар дека дожд ќе врне секој ден и 10:1 дека штрајк на работниците ќе го запре лондонското метро.

Британската индустрија на обложувалници годишно заработува околу 9 милијарди долари и е една до најголемите во светот. Повеќето обложувалници нудат свои услуги и преку интернет.

Постои загриженост дека масовното обложување може да доведе до корупција и местење на натпреварите па Меѓународниот олимписки комитет забрани на спортистите да се обложуваат на игрите, што е потег кој го поддржаа и спортистите и полицијата и претставниците на обложувалниците.

Настанот кој привлекува најголемо внимание кај тие што ќе се обложуваат е трката на 100 метри, каде Усаин Болт од Јамајка е главен фаворит. Фудбалот исто така е екстремно популарен спорт за тие кои се обложуваат, како и женскиот седмобој.

Најголем предизвик се квотите за некои поспоредни спортови како јавање или трка со кајаци.

До тогаш, заинтересираните можат да се обложуваат и на тоа, која земја ќе освои најмногу медали, САД се фаворити, а Кина е на второ место.

Би можело да ве интересира

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?

Јапонија пред договор со ИОК за организација на Олимпијадата во 2030 година

Ана Ололовска

Русија ќе се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри 2036

А1он

САД објавија дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг

А1он