Кака: Не си одам од Милан

Од:

Бразилскиот интернационалец Кака денеска изјави дека нема намера летово да го напушти Милан.

– Нема да си одам од Милан. Секоја година излегуваат нови приказни и веќе се навикнав на шпекулации за мојата иднина. Јас само можам да ви потврдам дека од јули одам на подготовки со Милан, потенцира Кака во изјава за италијанските медиуми.

Изјавата на Бразилецот е реакција на пишувањата за евентуален негов трансфер во Орландо Сити, клуб кој обезбеди учество во најсилната американска фудбалска лига МЛС.

Договорот на Кака со Милан завршува по крајот на сезоната 2014/15.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ