Јуниор најдобра странска екипа на турнирот во Франција

Од:

Кошаркарскиот тим на Јуниор составен од играчи родени 2003 година го освои шестото место на турнирот во францускиот град Бурбур, што воедно значи најдобар пласман на една странска екипа на ова натпреварување.

Задоволство од прикажаното и високиот пласман во конкуренција на 24 екипи од силни кошаркарски земји како Франција, Белгија, Русија, Швајцарија, Литванија, Полска, Холандија и Германија, искажа тренерот Дарко Димитријевиќ.

– Задоволни сме од пласманот, бидејќи се натпреварувавме на силен меѓународен турнир. Остваривме позитивен резултат со биланс пет победи и три порази. Два од трите загубени натпревара беа од финалистите. Имавме згуснат распоред со одигрување на три средби дневно. Турнирот беше брз и динамичен и тоа наметна да играме во силен ритам. Доколку имавме среќа со вкрстувањето по завршувањето на групната фаза, можевме да се пласираме и на едно од првите три места, изјави за МИА тренерот Димитријевиќ.

juniorKosarka1

Тој смета дека искуството на овие млади кошаркари стекнато на вакви силни меѓународни натпревари е од големо значење за нивниот понатамошен развој.

Јуниор во крајниот пласман зад себе остави екипи како ЦСКА Москва, Алба Берлин, Сабонис Академија и други големи кошаркарски имиња.

Успехот на Јуниор е надополнет со изборот Никола Василевски да учествува на „Ол Стар“ натпреварот.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ