Јовановски ја потврди оставката на местото Генерален секретар во МКФ

Од:

По само петнаесетина дена од назначувањето на функцијата Генерален секретар на Македонската кошаркарска федерација, Дејан Јовановски денеска преку соопштение информира дека поднесува оставка од лични причини.

– Ве информирам дека од лични причини се повлекувам од функцијата  Генерален секретар на Македонската кошаркарска федерација.

– На Претседателот  на МКФ и Управниот одбор им се заблагодарувам за дадената доверба и обезбедените услови за работа, а воедно им посакувам успешна работа во насока на развој на македонската кошарка и достојно презентирање на националните селекции во меѓународни рамки, стои во обраќањето на Јовановски до јавноста.

Би можело да ве интересира

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос

Навивачки нереди во Црна Гора: Хулигани упаднаа на теренот за време на дербито и го прекинаа натпреварот

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка