Јенкис најбогат спортски клуб

Од:

Безбол клубот Њујорк Јенкис е проценет на 363 милиони долари и се наоѓа пред Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид на листата највредни клубови според “Форбс”.

Вредноста на Манчестер Јунајтед е проценета на 293, додека “кралевите” вредат 255 милиони долари.

Четвртото место му припадна на НФЛ тимот Далас Каубојс кој е со вредност од 249 милиони, додека петти е американскиот безбол тим Лос Анџелес Доџерс со 202 милиони долари.

На делба на шестата позиција се наоѓаат фудбалскиот клуб Баерн Минхен и безбол тимот на Бостон Ред Сокс со вредност од по 192 милиони долари, а потоа следи НФЛ тимот на Њу Ингралнд Патриотс кој е проенет 188 милиони долари.

Каталонскиот гигант Барселона е на деветтото место со вредност од 176 милиони долари, додека Арсенал, кој е десетти, има вредност од 156 милиони.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ