Јапонците, оние на теренот и оние на трибините на стадионот „Ал Џануб“ беа тешко погодени од поразот и испаѓањето од хрватската фудбалска репрезентација во осминафиналето на Светското првенство во Катар.
По херојската одбрана на хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ, и победата на Хрватите, Јапонците во солзи го напуштија теренот.
Она што е најинтересно е потегот кој го забележаа објективите во моментот кога селекторот на Јапонија Хаџиме Моријасу како дел од јапонската култура им се поклони на победниците од натпреварот, навивачите и неговите избраници кои се бореа до самиот крај.
Јапонија е едно од најпријатните изненадувања на Светското првенство во Катар.