Јаневски: Задоволен сум од сработеното

Од:

Селектор на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски е оптимистички расположен пред утрешното заминување за Загреб, каде в петок на квалификацискиот дуел против домаќинот Хрватска се надева на успешно деби на кормилото на „црвено-жолтите“.

„Задоволен сум од сработеното на четирите тренинзи од понеделникот до денеска. Според она што го видов, имам причина да се надевам на добар резултат на дуелот со Хрватска“, изјави Јаневски на денешната прес-конференција.

Јаневски истакна дека е извршена целосна анализа на играта на противникот, а засега единствено непознато за него останува изгледот на првите 11 во домашниот тим.

„Почетната формација е променета, а тоа се однесува и на улогите на одредени играчи. Советувано им е како да се однесуваат и кога го имаат поседот на топката и кога таа се наоѓа кај противникот“, додава Јаневски.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ